ДАЛЕЧИНА
39, Bitola, Makedonia (ent. Jugoslavian tasavalta Makedonia)

Гушнати...сонот и реалноста

Во светите раце на болната илузија

Како мали деца полни желби

Копнеат да го победат општиот хаос



Во лулката на ноќта

Под страшните пори

На прашината останата од Создавањето

Се нижат златните бисери

На една љубовна романса



Копнежот...тој убиствен немир

Повторно се провелкува

Во невиноста на твојата младост

А ти трепериш...



Отфрлен од страшниот прскот

Во заборавената пустина на нашето постоење

Талкам по неоткриените патишта

На нашата стварност

Треперам...



Колку сме далеку...а нашите срца толку близу

Чиниш дел од мене ти припаѓа тебе

Зар мал е просторот помеѓу нас двајцата?

Зар мал е бескрајот...?



Како сонцето и земјата

Потребни еден на друг

Но никогаш заедно....

Така и нашите души...

Потребни една на друга...

Но никогаш заедно...бидејќи далечината

Го доловува мигот на транс

Бидејќи далечината...

Ги руши просторот и времето



А во нашиот ум

Кој како сенка,одблесок од една далечна стварност

Се раѓа приказната за една далечина

Која не правеше толку блиски

17 näyttökertaa
 
Kommentit
klimka 04.09.2009

prekrasno napisano

lidu lidu 04.09.2009

fala mnogu pozz

Blogi
Blogit päivitetään joka 5 minuutti