31.01.2016
Ж И В О Т
44, Skopje, Makedonia (ent. Jugoslavian tasavalta Makedonia)

Животот е приказна која ја пишуваме самите, ние кои сме демијурзи на нашата судбина, робови на нашата желба. Ние кои сме водени од интересите со егистичка заднина, вреднувањето на делокругот како благороден е повод за нашата центричност. Животот е убав!

Да, тој е, но тој е убав затоа што тоа мора да биде. Ние не го избравме денот, моментот, местото, родот во кој ќе се родиме, не го избравме нашето тело, нашите родители, нашето семејство, општеството, соседството... Програмирани да се бориме за нашиот живот, при тоа најголемата борба ја водиме со самите нас. Таа структура на човечкиот живот е толку комплексна и конфузна, што динамиката е составен дел, а чувството на слабеење во однос на моќите на спротиставување е перманентно присутно. Сите избори во животот се нашите стеги, пајажината во која се заплеткуваме, не подготвени да влеземе во новите хоризонти. Излегувањето од тоа милје е мактрпно, болно и ја одзема енергијата така што те доведува до работ на смртта. Сите импликации од нашите избори се желба за подобро, но последиците од превреднувањето се формулираат во калап со единствена содржина: ͈Можев да поминам подобро”, или ͈Требаше да го изберам спротивното”.
Во многу случаеви кога правиме избори сме хетерономни во размислувањата, се водиме од зборовите на авторитетот, кој не може да има рационална основа, сме поведени од –другиот како наше огледало, од заедницата, од сè што сакаме да бидеме, или стравот од тоа што сме биле, сакајќи да предизвикаме мало внимание и да се чувствуваме почитувано. Слободата при изборот е најголемата лага што била изговорена од човештвото. А поединецот, пак, е оној што секогаш сака да побегне од слободата, свесен за товарот на одговорноста, па така одговорноста е најдобро да му припадне на другиот, а со тоа и изборот.
Човекот е слаб, немоќен, фрустриран заради својата жед за моќ. Тој сака да владее со другиот, затоа што на тој начин ги крие своите стравови. Тој има мотив да го потчини другиот, затоа што пред себе си и својата дајмонија, тој е потчинетиот.
Делото е онаа што најдобро говори за нас. Единствено низ делото се дисциплинираме и подобруваме, програмирани како немоќни ја ојакнуваме нашата иманентност!Поз
драв до сите

64 näyttökertaa
 
Kommentit
LadyM68 01.02.2016

Slobodata na izborot ne e laga. Onoj koj izbira se nosi so posledicite bez ogled kakvi se.

Blogi
Blogit päivitetään joka 5 minuutti