Прирачникот на љубовникот
42, Strumitsa, Makedonia (ent. Jugoslavian tasavalta Makedonia)

 Прирачникот на љубовникотзошто секогаш женската што ја немам ми е поинтересна од онаа што ја имам? - има ли тајна како да се биде совршен љубовник? - еве ја во постов - препишано од прирачникот на љубовникот - една нежна беседа

THE GREEN GREEN GRASS Метафорично кажано, зошто тревата на комшијата е секогаш позелена, ама во сексуална смисла. Ако го прашате стариот Зиги, ќе ви каже дека секое ново дразнење на духовниот апарат е екстаза. Мозокот бара се посилно и посилно дразнење, посилни и посилни сетилни импулси, ко офца е ко ќе се распасе зелена трева, па ко ќе се прејаде и ко ќе се надуе.
Уметниците знаат, на новинарите тоа им е професија - новото, специфичното и оригиналното е секогаш неопходно. Исто и во сексот, нема возбуда без изненадување.

ЕКСПЛОЗИЈА ОД СТРАСТ! Затоа долгите врски често доаѓаат во криза, затоа сите почетоци на врски се страшно возбудливи. Експлодираат од страст! Сите ние сме истражувачи. Најголемите авантури кои сум ги имал не биле патување по далечни земји, туку патување по кожата на моите девојки. Најголемите истражувања биле бакнувањата на нивните тела. Најголемите откритија биле откривањето на некоја нова ерогена зона, за која не сум знаел. Еурека, тоа била нејзината воздишката или поглед исполнет со страст.

УДАВ ОД СЕКС Најздодевниот љубовник е оној кој се што прави прави по шема. Прво бакни ја во уста. После фати ја за цицка. Следува соблекување на маичката. Потоа и фармерките. Па, јас се соблекувам. За цело време не престанувај да ја бакнуваш. Потоа соблечи и ги гаќичките. Потоа бапни и го.... Во врската ова повторувај го секојпат кога треба да имаш секс.
И каде е тука возбудата? Се се знае однапред. Девојката знае каде следно ќе ја бакнам. Таа самата ти помага во секоја од фазите пошто ги знае. Нема ништо креативно.
Како и во поезијата, ако нема ништо ново, ако не го каеш тоа не интерсен начин, ако читателот не го запрепастиш со нешто што не го очекува нема ужиток. Секс ко издушен балон.

ШТО Е СЛЕДНО? Нема страст ако немаш начин да се изненади партнерот, ако не ја бакнеш девојката таму каде што најмалку очекува и кога најмалку очекува, ако не бидеш таму каде што не очекува да бидеш. Треба секогаш се случува она што не се случува секогаш. 

28 näyttökertaa
 
Kommentit

Ei ole kommentteja vielä.
Jätä kommenttisi, aloita keskustelu!

Blogi
Blogit päivitetään joka 5 minuutti