Шест секси начини да ги стопите килограмите
38, Skopje, Makedonia (ent. Jugoslavian tasavalta Makedonia)

Симнувањето на вишокот килограми не мора да подразбира само напорни вежби и откажување од храната. Секако, пожелно е да јадете умерено и да бидете физички активни, но немојте да заборавите на уште еден важен детал - љубовта.

Истражувањата покажуваат дека нежностите кои ги разменуваме со партнерот како што се бакнувањето, галењето, масажите и слично, можат да бидат од голема помош за да ја постигнете идеалната фигура.

Бакнување – 68 калории на час

Се сеќавате ли на оние долги бакнежи на почетокот на врската? Ако имате проблеми со килограмите, експертите препорачуваат да се вратите во таа фаза. Бакнувањето не само што претставува совршен начин за покажување на чувствата, туку и лесна вежба со која можете да согорите скоро 90 калории на час. Јеја Кинзбах, сексолог од Лос Анџелес, препорачува да испробате бакнување во необични пози. „Можете заедно да правите вежби за стомакот, но на тој начин што ќе се банувате на секое подигање на телото“. Така за половина час ќе согорите околу 170 калории“, вели таа.

Соблекување – 8 и повеќе калории
Додека го соблекувате вашиот партнер, веројатно не размислувате за тоа колку енергија ви е неопходна за тоа, но факт е дека од ослободувањето од облеката се троши од 8 до 10 калории. Италијанските истражувачи утврдиле дека мажите кои пробуваат да го откопчаат градникот на својата поубава половина со забите можат да потрошат дури и 80 калории. Ова можеби не се однесува на жените, но тие секако можат на својот партнер да му приредат секси стриптиз кој ќе ги активира мускулите.

Масажа – 80 и повеќе калории на час

Не треба посебно да се објаснува поради што сакаме некој да не масира, ама имајте во предвид дека масерот/масерката може да има и дополнителна корист од тоа, како што е трошењето на 80 и повеќе калории на час. Посветете се на грбот и рамената на својот партнер и активирајте ги различните групи на мускули. Правете нежни движења и бидете креативни. „ За време на масажата, можеби е подобро да стоите додека личноста која ја масирате лежи пред вас“, истакнува Кинзбах.

Секс – 140 и повеќе калории за половина час

Сигурно знаевте дека сексот спаѓа во физичка активност, но знаевте ли дека со тоа можете да согорите дури 400 калории на час? Тајната е во односот кој трае долго и ги опфаќа честите промени на позите. „Ако сте горе, мрдајте ги колковите како тоа што го прават стомачните танчерки, тоа е одлична вежба за затегнување на задникот“ вели Јеја. Имајте во предвид дека дополнителни калории согорувате и за време на оргазмот. Морате да признаете дека ова е најдобар начин за борба против килограмите.

Орален секс – 100 калории за половина час

Ако сте обожавателка на оралниот секс, ќе ве израдува веста дека овозможувајќи му задоволство на вашиот партнер можете да согорите дури 100 калории за половина час. За да ги „зачините“ работите пробајте тоа да го правите додека вежбате јога или склекови. Ние ви гарантираме дека за неколку минути ќе имате чувство како да сте се вратиле од трчање.

Танцување – 100 калории за поовина час

Без оглед на тоа дали имате или немате облека на себе, валканиот танц може да претставува одлична вежба за вас и вашиот партнер. „Докажано е дека жените после танцување или аеробик можат многу лесно да се возбудат и да се загреат за секс“, истакнува Барбара Бартлик, сексуален терапевт од Њујорк. Танцивањето полека е сосема во ред, но доколку сакате навистина да се испотите, изберете малку побрз ритам на музика.

80 näyttökertaa
 
Kommentit

Ei ole kommentteja vielä.
Jätä kommenttisi, aloita keskustelu!

Blogi
Blogit päivitetään joka 5 minuutti